Комплетирање на владиниот состав, во Собранието избор на новите заменици-министри
Комплетирање на владиниот состав со избор на заменик-министри. Премиерот Мицкоски не бара меден месец, верува дека почнале фуриозно и решително. Опозицијата ги испорача критиките за понудените решенија...

Наследивме ограбена и на колена клекната држава. Многу скоро ќе има одговорност за оние што се огрешиле од законот, бидејќи без одговорност нема правда, порача од собраниската говорница премиерот Мицкоски, образложувајќи ги предлозите за заменик-министри. За нив рече дека се амбициозни луѓе кои ќе работат на креирање на нови работни места, развој на нови технологии. Мицкоски додаде дека за само еден месец новата Влада направила многу, нови странски инвестиции, зголемени пензии.
Во собраниската дебата пратениците од власта фалеа, опозиционерите критикуваа. Предложените заменик-министри не биле ставени на соодветни места, а дел од нив биле и во претходните влади.
На пленарката и укинувањето на економските директори на Клиниките. Бојан Стојаноски избран за заменик-генерален секретар на Собранието. До сега тој беше член на ДИК.
Миле Ристески
