Штип

Штипски пожарникари повредени при гаснење на пожар

23.07.2024 16:55

Повредени пожарникари при гасење на пожар во Штип. Со скршеници на рацете се командирот на штипските пожарникари и негов колега. Државата да изготви стратегија за справување со екстремни температури и соодветна процена на ризик за сите вклучени во гасењето на пожарите – препорака од Здружението за заштита при работа.

Со тешки телесни повреди заврши работниот ден на командирот на штипските пожарникари Благој Ренџов, и на неговиот колега Александар Маролов. При интервенција на старата градска депонија двајцата паднале во дол, при што командирот се здобил со скршеници на двете, а Маролов на едната рака.

Пожарите на отворено во летниот период се веќе правило. Државата секоја година излегува со препораки, а не со конкретни мерки, реагираат од Здружението за заштита при работа. Потребна е државна стратегија за справување со елементарни непогоди.

Процената на ризик и одговорноста на работодавецот е клучна за секоја професија, па и за пожарникарите. Нивната заштита на работно место бара сериозен пристап за да се намали ризикот од повреди кои им се случија на штипските пожарникари.

 

Славица Величковска