Ќе се носи нов закон за пожарникарство
Пожарите кои со денови ги пустошат македонските шуми ги подразбудија институциите. Ова е неопходна потреба зашто сега, 734 пожарникари се финансираат со наменски дотации од Министерството за одбрана за покривање на дел од нивните плати...

Пожарите кои со денови ги пустошат македонските шуми ги подразбудија институциите. Ќе се носи нов закон за пожарникарство. Работни групи веќе го подготвуваат решението. Ова е неопходна потреба зашто сега, 734 пожарникари се финансираат со наменски дотации од Министерството за одбрана за покривање на дел од нивните плати.
Пожарикарите со години водат битка за регулирање на нивниот статус, за повисоки плати, но и за добивање нова опрема за извршување на нивните задачи. Тие бараат исти бенефиции како војската и полицијата. Според истражувањето на центарот за граѓански комуникации од минатата година, на земјава и недостигаат речиси 340 пожарникари.
Просечната старост на возилата е 27 години. Со новите хеликоптери кои ги набавуваме од италијанската компанија „Леонардо“ ќе може да се гаснат пожари.
