Куманово

Продолжи протестот на вработените во „Ангел Шајче“ во Куманово

23.07.2024 15:33

Револтот денеска го изразија пред општина Куманово. Протестот следи бидејќи не им е исплатена јунската плата. Вработените ги прими кумановскиот градоначалник кој веќе го потпишал решението и деновиве на сметките ќе ги добијат средствата...

Вработените во кумановската градинка „Ангел Шајче“ втор ден на протест. Револтот денеска го изразија пред општина Куманово. Протестот следи бидејќи не им е исплатена јунската плата. Вработените ги прими кумановскиот градоначалник кој веќе го потпишал решението и деновиве на сметките ќе ги добијат средствата.

Според Димитриевски проблемот настанал бидејќи во градинката поради итни и неодложни работи, биле вработени седум лица, за кои како што рече директорката на установата немала претходно обезбедена потврда за финансиски средства.

За средствата за седумте нововработени лица кумановскиот градоначалник ќе поднесе барање до државниот инспекторат да изврши увид и поведе постапка против лицето кое, како што вели, не постапило согласно законот.