Црвен крст

Волонтери на Црвен крст помагаат за пожарите

23.07.2024 16:36

Волонтерите на Црвениот крст помагаат во борбата со огнените стихии. Поставуваат базени од каде што хеликоптерите црпат вода, им обезбедуваат и поддршка на екипите кои се на првата линија...

150 волонтери поделени во неколку групи на располагање на оние кои се борат со огнените стихии.

Изутрина волонтери на Црвениот крст во непосредна близина до Старо Нагоричане поставија базен кој се полни со вода од блиската река Пчиња, а од кој хеликоптерот на МВР црпи вода за гаснење на пожарите на непристапните места.

Црвениот крст отвори сос-телефонски линии за психолошка прва помош за настраданото население од пожарите. Отворените телефонски линии се поделени на региони и општини.

Волонтерите на Црвениот крст помагаат во борбата со огнените стихии. Поставуваат базени од каде што хеликоптерите црпат вода, им обезбедуваат и поддршка на екипите кои се на првата линија.

 

Ана Јосифовска-Тодоровска