МВР

Расчистено убиството во гостиварско Дебреше, лишени од слобода три лица

23.07.2024 20:33

Полициски службеници од СВР Тетово попладнево (23.07.2024) лишија од слобода три лица и го расчистија убиството кое се случи денеска во гостиварско Дебреше околу 17.15 часот. Веднаш по добиената пријава дека е пукано врз Р.К.(35) од Дебреше ...

Полициски службеници од СВР Тетово попладнево (23.07.2024) лишија од слобода три лица и го расчистија убиството кое се случи денеска во гостиварско Дебреше околу 17.15 часот. Веднаш по добиената пријава дека е пукано врз Р.К.(35) од Дебреше воспоставена е оперативна акција „обрач“ за пронаоѓање и лишување од слобода на сторителите.

По кратко време, сторителите се лишени од слобода и тоа Б.В.(28), Ј. В (31) и Љ.В. (32), а пронајдена е и автоматската пушка од која е пукано, како и возилото „волво“ со кое сторителите се оддалечиле од местото на настанот.

По документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното ОЈО.