БЛИСКИ ИСТОК

Палестинците во јужниот дел на Појасот Газа ги напуштија домовите, продолжуваат нападите

24.07.2024 09:01

По наредбата за евакуација, Палестинците во јужниот дел на Појасот Газа ги напуштија домовите додека израелските тенкови напредуваат длабоко во областа...

По наредбата за евакуација, Палестинците во јужниот дел на Појасот Газа ги напуштија домовите додека израелските тенкови напредуваат длабоко во областа. Жртви во нападите насочени кон вооружени лица на окупираниот Западен Брег. Израелскиот премиер Нетанјаху ја продолжува посетата на САД. Најавено е неговото обраќање пред американскиот Конгрес. Стејт департментот го отфрли договорот постигнат во Пекинг од страна на двете фракции, Хамас и Фатах, за заеднички формирање влада.

„Хамас е терористичка организација, нешто што очигледно го кажавме пред 7-ми октомври. Но, кога станува збор за управувањето со Газа на крајот од конфликтот, не може да има улога една терористичка организација. Јасно кажавме, сакаме да ја видиме палестинската управа, да управува со обединета Газа и Западниот Брег, но ние не поддржуваме улогата на Хамас“, изјави Метју Милер, портпарол на Стејт департментот.

Од друга страна, високиот претставник на Европската унија, Борел, рече дека го поддржува договорот постигнат со посредство на Кина. Декларацијата доаѓа во чувствителен момент, додека војната во Газа влезе во десетиот месец, а Израел и Хамас го разгледуваат меѓународно поддржаниот предлог за прекин на огнот.