УКРАИНА

Зеленски вели дека ракетната програма на Украина покажува добра динамика

24.07.2024 09:06

Коментарот на Зеленски следи по смртоносна размена на беспилотни летала, проектили и гранатирања викендов...

Украинскиот претседател вели дека ракетната програма на Киев покажува добра динамика. Коментарот на Зеленски следи по смртоносна размена на беспилотни летала, проектили и гранатирања викендов.

„Нашата ракетна програма покажува добра динамика, и иако тоа е задача со предизвик, постепено се приближуваме кон можноста за користење на сопствени ракети, а не само да се потпираме на проектилите што ги испорачуваат нашите партнери. Со текот на времето, Украина треба да постигне максимална одбранбена независност“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

И додека војната на фронтот се разгорува, Украинската војска објави дека го погодила рускиот траект Славјанин, кој се користеше за воена логистика. Украинскиот Генералштаб соопшти дека операцијата ја извршила морнарицата, заедно со други единици на одбранбените сили.