САД

2.000 мигранти од Мексико тргнаа пеш кон САД, за да стигнат пред изборите

24.07.2024 09:09

Групата ќе се обиде да стигне до границата пред ноември поради страв дека преминот ќе биде комплициран доколку републиканецот Доналд Трамп победи на избори. Цели семејства пеш се упатија кон местото што се смета за порта кон јужната мексиканска граница...

Карван од 2.000 мигранти тргна од јужниот дел на Мексико кон Соединетите држави. Групата ќе се обиде да стигне до границата пред ноември поради страв дека преминот ќе биде комплициран доколку републиканецот Доналд Трамп победи на избори. Цели семејства пеш се упатија кон местото што се смета за порта кон јужната мексиканска граница.

„Формирањето на поголеми групи, од стотици или понекогаш илјадници луѓе кои се движат низ јужниот дел на Мексико, стана вообичаено во последниве години и обично се совпаѓа со моментите во кои миграциското прашање е на агендата“, изјави Лејди Сиера, мигрант од Венецуела.

Формирањето на оваа нова група се совпадна со објавата на американскиот претседател Џо Бајден за повлекување од изборната трка.