НЕПАЛ

Во Непал се урна авион при полетувањето

24.07.2024 10:18

Авионот на непалска авиокомпанија, со 19 патници и членови на екипажот се урна при полетување во Катманду...

Авионот на непалска авиокомпанија, со 19 патници и членови на екипажот се урна при полетување во Катманду.

Полицијата потврди дека повеќето патници се инженери и технички персонал на компанијата. Во несреќата спасен е пилотот и со тешки телесни повреди е пренесен во болница.

Според властите, иако е сезона на монсунски дождови, во моментот на несреќата видливоста била слаба, но немало дожд. Се истражуваат причините.