УХМР
Попладне невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер од над 60 километри на час
24.07.2024 11:08
Управа за хидрометеоролошки работи за попладне најавува нестабилно време на повеќе места проследено со пороен дожд и грмежи...

Управа за хидрометеоролошки работи за попладне најавува нестабилно време на повеќе места проследено со пороен дожд и грмежи.
„Локално ќе има невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер од над 60 километри на час и појава на град“, предупредува УХМР.
Во делови од Скопје попладне се очекува нестабилно време со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град.
