Франција

Макрон го паузираше формирањето Влада поради Олимпијадата

24.07.2024 11:38

Францускиот претседател го паузираше формирањето Влада поради Олимпијадата...

Францускиот претседател го паузираше формирањето Влада поради Олимпијадата.

Според Макрон, постои безбедносен предизвик, а нема да именува нов премиер пред крајот на Игрите во средината на август.

Француската левичарска коалиција Нов народен фронт, која освои најмногу места во парламентот на изборите овој месец, но не и мнозинство, вчера објави дека ќе ја номинира експертката за финансиски криминал Луси Кастес за свој премиерски кандидат.

Претходно, претседателот ги повика политичките партии да работат на создавање на поширока коалиција.