Куманово
Краток спој на електрична инсталација, причина за ланскиот пожар во кумановскиот Суд
24.07.2024 11:44
Прибраните докази и вештачењето покажале дека краток спој на електрична инсталација е причина за пожарот кој лани се случи во кумановскиот Суд, соопшти Јавното обвинителство...

Прибраните докази и вештачењето покажале дека краток спој на електрична инсталација е причина за пожарот кој лани се случи во кумановскиот Суд, соопшти Јавното обвинителство.
Оттаму информираат дека нема основа за постапување, бидејќи е утврдено дека пожарот не е резултат на човечки фактор и не е намерно подметнат.
Пожарот во Основен суд Куманово избувна лани во јули. Беше зафатена просторијата каде што се наоѓа архивата.
