Здравје

Чадот канцероген за граѓаните

24.07.2024 12:21

Чадот од пожарите канцероген за луѓето. Најмногу страда респираторниот систем, велат лекарите. Екологистите алармираат страда и биодиверзитетот. Пожарите влијаат врз климатските промени. Човекот ги предизвикува пожарите иако Кривичниот закон предвидува казни до 4 години затвор, досега никој не е осуден. Најчесто судиите даваат парични казни, велат правниците...

Пожарите го загадија воздухот, зголемено е нивото на ПМ 2,5 честичките. Чадот е опасен за пожарникарите, може да остави и трајни последици врз нивното здравјето, тоа зависи од нивната претходна здравствена состојба, велат лекарите. Но, чадот е опасен и за жителите од опожарените места, страда горниот и долниот респираторен тракт.

Еколозите предупредуваат – климатските промени се наше секојдневие.

Најголем дел од пожарите се предизвикани од човечки фактор, иако Кривичниот законик предвидува строги казни. Ако се предизвика голема штета, казната е четири години, но максимумот може да се движи и до 20 години.

Од 2015 до 2020 се поднесени 9 кривични пријави за подметнување пожар, но, недостигаат судски пресуди.

 

Наташа Јанчиќ-Менковски