Иницијатива за одговорност за заменик-министер поради прекршување на законските одредби во време на избори
Државната комисија за спречување на корупцијата ќе поднесе иницијатива за одговорност за заменик-министер поради прекршување на законските одредби во време на избори. Тој донел 189 решенија за дел со финансиски импликации по буџетот. Комисијата постапува и по други предмети...

Заменик министер пред завршување на изборниот процес годинава доделил 189 решенија на вработените. 98 ги распоредил хоризонтално, а на 68 им доделил решенија за унапредување со што придонесол и за финансиски импликации во буџетот, вели првата антикорупционерка, Димитровска. 23 лица уназадил со тоа што им дал решенија со кои им се намалува платата.
Директор со години применувал тактика тој да ги именува директорите на училиштата и за него ќе биде поведена постапка.
Меѓу предметите и пријави за постапки на извршителите, за претседател на Основен суд, за лица со двојни функции јавниот оглас на здравствена установа во време на избори и негово поништување и други за кои комисијата се прогласи за ненадлежна, ги препрати во други институции и дел стопира и отфрли.
Фиљана Кока
