Обвинувања на СДСМ за министерот Тошковски
СДСМ се однесува како заштитник и покровител на сите криминали на ДУИ во минатото, одговори министерот за внатрешни работи Тошковски, по нападите од СДСМ за неговиот недвижен имот. Опозициската партија објави документ, со кој како што велат, поклонетиот имот на Јанушев е заверен од Панче Тошковски како адвокат...

По нападите од СДСМ за неговиот недвижен имот, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски вели дека опозициската партија се однесува како заштитник и покровител на сите криминали на ДУИ во минатото“. Најави дека во иднина МВР врз основа на докази и факти ќе ги процесуира сите оние постапки што ги има, нагласувајќи дека во неговиот мандат нема да има повеќе недопирливи, туку секаде каде што има докази ќе бидат поведени соодветни постапки.
Од СДСМ објавија документ во кој се гледа како што тврдат дека поклонетиот имот на актуелниот генерален секретар на Владата Јанушев е заверен од адвокат Панче Тошковски и дека и тој има стан во истиот објект. Според нив тоа е крајно сомнително и надлежни институции треба да го истражат целиот случај.
И Јанушев ги отфрли обвинувањата. Вели дека не постои никакво подарено земјиште туку дека има погрешно внесени податоци за што веќе е направена и корекција од негова страна. Според него хајката на СДС е неоснована, седум години беа власт ако имаше било што ќе постапеа, сега ги фаќа страв затоа што секојдневно како Генерален секретаријат откриваат како што вели Јанушев, нови злоупотреби што ги правеле и ќе треба да одговараат.
Игор Панов
