Почина Петар Ѕалев, долгогодишен новинар и уредник на Македонската радио-телевизија
По кусо боледување во Скопје почина Петар Ѕалев, долгогодишен новинар и уредник на Македонската радио-телевизија, дипломиран новинар на студиите по новинарство на Правниот факултет на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, сиот работен век го поминува во јавниот радиотелевизиски сервис...

По кусо боледување во Скопје почина Петар Ѕалев, долгогодишен новинар и уредник на Македонската радио-телевизија. Петар Ѕалев, роден во Битола во 1959, дипломиран новинар на студиите по новинарство на Правниот факултет на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, сиот работен век го поминува во јавниот радиотелевизиски сервис.
Во неговиот богат авторски и новинарски опус, колегата Ѕалев работи и уредува во Стопанската редакција на тогашната телевизија Скопје, а потоа и во Македонската телевизија, во документарната програма, уредник е на внатрешно-политичката редакција, во 2009 е назначен и за одговорен уредник на Информативната редакција на првиот програмски сервис на Македонската телевизија, советник на извршниот директор на Македонската радио-телевизија, позиција од која заминува во пензија во 2023.
Сведок на многубројните промени во јавниот сервис од независноста на Македонија, Петар Ѕалев останува запаметен меѓу колегите по ведриот и колегијален дух, професионалност и постојана подготвеност за објективно и навремено информирање на јавноста. Опелото за колегата Петар Ѕалев ќе се одржи утре од пладне до 13 часот во капелата на гробиштата во Бутел во Скопје.
