Протести против пресудата за „Монструм“: 7 кривични пријави, 27 повредени полицајци

05.07.2014 19:07

Втор ден од протестите против судската пресуда за случајот „Монструм“. Помала група, пред се малолетни насилници во обид да исценираат нереди се судрија со полициските интервентните сили. Беа спречени инциденти од поголеми размери...

Тројца демонстранти се уапсени откако се обидоа со камења да го демолираат седиштето на општина Чаир. Втор ден од протестите против судската пресуда за случајот „Монструм“. Помала група, пред се малолетни насилници во обид да исценираат нереди се судрија со полициските интервентните сили. Беа спречени инциденти од поголеми размери. По дваесетина минути протест пред општината, со шок бомби толпата е разбидена. Повреден е еден полицаец.

Полека се сумираат и штетите од вчерашното насилство. Седуммина на возраст од 21 до 44 години заработија кривични пријави. По преглед на снимките идентификувани се уште шестмина, а по сознанија на МВР на распит се повикани уште 9 учесници во насилството. Бројката на повредени полицајци се искачи на 27.

„Против дел од осомничените и претходно се поднесувани кривични пријави, односно истите и се познати на полицијата, а на некои од нив веќе им биле изрекувани и затворски казни за тешка кражба, разбоништво, фалсификување исправа, одземање на моторни возила и други кривични дела“, вели помошник министерот за односи со јавноста во МВР, Иво Котевски.

Полицијата професионално постапувала, велат од МВР. Не е поднесена ниту една претставка за прекумерна употреба на сила.

 

 

Анита Димитријевска