МВР
Со хеликоптер на МВР изгасен пожарот во Ново Село
24.07.2024 21:33
По добиен повик за гасење на пожар во с. Ново Село, хеликоптер Бел 412 од Одделот за воздухопловни единици при МВР во 15 циклуси исфрли 22 тони вода ...

Денеска, по добиен повик за гасење на пожар во с. Ново Село, хеликоптер Бел 412 од Одделот за воздухопловни единици при МВР во 15 циклуси исфрли 22 тони вода, со што пожарот е изгасен. Во близина на пожарот се наоѓа бензинска пумпа, па беше неопходна брза интервенција на противпожарните служби. Причинета е голема материјална штета, но нема повредени пожарникари или жители во опожарените куќи.
Според мештаните, причина за пожарот е спој на каблите кои пренесуваат струја од бандера на бандера. Тоа и порано се случувало, велат тие.
