Собрание
Во Собранието почнува расправата за ребалансот на буџетот
25.07.2024 08:05
Во законодавниот дом во Комисијата за финансирање и буџет почнува расправата за ребаланс на буџетот...

Во законодавниот дом во Комисијата за финансирање и буџет почнува расправата за ребаланс на буџетот. Од вкупно 5,8 милијарди евра, колку што планира да потроши државата – за плати и надоместоци се планирани 723 милиони евра.
За 15,5 милиони евра се зголемени трансферите кон општините. За 130 милиони евра се зголемува ставката за субвенции, а најголемо зголемување за дополнителни 83 милиони евра е за линеарното зголемување на пензиите.
Расправата по ребалансот во комисијата трае 5 дена, а потоа на пленарна седница пратениците за државната каса ќе дебатираат два дена.
