САД

Бајден: Одлучив да ја предадам штафетата за да ја обединиме нацијата

25.07.2024 08:40

Одлучив дека најдобриот пат напред е да го предадам факелот на нова генерација, истакна во обраќање од Овалната сала претседателот Џо Бајден и заокружи 50 години во политиката...

Одлучив дека најдобриот пат напред е да го предадам факелот на нова генерација, истакна во обраќање од Овалната сала претседателот Џо Бајден и заокружи 50 години во политиката.

„Верувам дека моето досие како претседател, моето лидерство во светот, мојата визија за иднината на Америка, сето тоа заслужуваше втор мандат. Но, ништо не може да не спречи да ја спасиме нашата демократија. Тоа вклучува и лична амбиција. Затоа, решив дека најдобриот начин напред е да го предадам факелот на нова генерација. Тоа е најдобриот начин да ја обединиме нашата нација. Во текот на следните шест месеци, ќе бидам фокусиран на извршување на мојата работа како претседател“, изјави Џо Бајден, претседател на САД.

Бајден се повлече од кампањата за реизбор и ја поддржа потпретседателката Харис по притисокот од јавноста, особено по неговиот настап во дебатата против Трамп. Својот мандат во Белата куќа ќе го заврши на 20-ти јануари 2025 година, како најстар американски претседател кога веќе ќе има наполнето 82 години.