Нетанјаху: Америка и Израел мора да бидат обединети
Америка и Израел мора да бидат обединети, истакна израелскиот премиер во обраќањето пред Конгресот. Во говорот, Нетанјаху го пофали американско-израелското единство и поддршката од претседателот Џо Бајден...

Америка и Израел мора да бидат обединети, истакна израелскиот премиер во обраќањето пред Конгресот. Во говорот, Нетанјаху го пофали американско-израелското единство и поддршката од претседателот Џо Бајден.
„Оние кои ќе го нападнат Израел ќе платат многу висока цена. Брзата американска воена помош може драматично да го забрза крајот на војната во Газа и да помогне да се спречи поширок конфликт на Блискиот Исток. Израел ќе се бори додека не ги уништиме воените капацитети на Хамас и неговото владеење во Газа и не ги вратиме сите наши заложници дома“, изјави Бенјамин Нетанјаху, премиер на Израел.
Обраќањето на Нетанјаху го бојкотираа неколкумина демократи и привлече илјадници демонстранти во Капитол кои ја осудија војната во Газа и хуманитарната криза. Уапсени се неколку лица. Нетанјаху денеска ќе се сретне со Бајден, а се очекува состанок и со потпретседателката Харис. На Флорида предвидена е средба и со поранешниот претседател Доналд Трамп. Претходно, Стејт департментот соопшти дека државниот секретар Блинкен разговарал со катарските власти за премостување на разликите во договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас.
