УКРАИНА
Зеленски вели дека добил потврда дека Кина нема да испорачува оружје на Русија
25.07.2024 09:06
Кина го поддржува територијалниот интегритет и суверенитет на Украина и нема да испорачува оружје на Москва...

Кина го поддржува територијалниот интегритет и суверенитет на Украина и нема да испорачува оружје на Москва. Ваква потврда добил украинскиот претседател Зеленски, откако министерот за надворешни работи Кулеба разговараше со властите во Кина.
„Ова е прва посета на украински функционер по многу години. И ова е добро. Има јасен сигнал дека Кина го поддржува територијалниот интегритет и суверенитет на Украина“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.
Пекинг потврди дека е подготвен да одигра конструктивна улога во руско-украинскиот конфликт. Од Кремљ со став, деталите мора да бидат појаснети.
