ВЕНЕЦУЕЛА

Министерот за одбрана го предводеше поставувањето на таканаречениот „План Република“

25.07.2024 09:15

Министерот за одбрана на Венецуела го предводеше поставувањето на таканаречениот „План Република“, што подразбира воено распоредување, логистика и безбедност за време на претседателските избори во земјата...

Министерот за одбрана на Венецуела го предводеше поставувањето на таканаречениот „План Република“, што подразбира воено распоредување, логистика и безбедност за време на претседателските избори во земјата.

„Не сме ние тие што ќе одлучуваме дали има измама или не. Се е јасно дефинирано во Уставот, во законот за изборни процеси. Нашата задача е да гарантираме ред по секоја цена“, изјави Владимир Падрино, министер за одбрана на Венецуела.

Во недела, Венецуелците ќе гласаат на претседателски избори кои, за прв пат по години, претставуваат огромен изборен предизвик за претседателот Николас Мадуро, кој бара трет мандат.