Царинска управа

На Аеродромот во Скопје спречен обид за шверц на рачни часовници со вредност од 240 илјади денари

25.07.2024 09:39

На Меѓународниот Аеродром во Скопје вчера запленети се осум рачни часовници во вредност од 240.862 денари. Часовниците се откриени кај македонски државјанин кој слетал од Австралија...

На Меѓународниот Аеродром во Скопје вчера запленети се осум рачни часовници во вредност од 240.862 денари. Часовниците се откриени кај македонски државјанин кој слетал од Австралија.

-Патникот се определил за зелен канал каде што поминуваат патниците кои немаат ништо за пријавување. На прашањето дали има нешто да пријави, одговорил дека нема ништо за пријавување, но при царинска контрола во багажот на патникот биле пронајдени непријавените часовници: еден рачен часовник „Радо“ и седум рачни часовници „Елит“ – соопштија денеска од Царинската управа.

Против патникот поднесена е прекршочна пријава за непочитување на царинската регулатива.