ГЕРМАНИЈА
По блокадата, аеродромот во Франкфурт повторно во функција
25.07.2024 12:09
Авионскиот сообраќај на најголемиот германски аеродром, во Франкфурт, повторно во функција откако изутринава неколкумина климатски активисти упаднаа во просториите на аеродромот...

Авионскиот сообраќај на најголемиот германски аеродром, во Франкфурт, повторно во функција откако изутринава неколкумина климатски активисти упаднаа во просториите на аеродромот.
Демонстрантите се уапсени. Откажани се 140 летови, предвидени се доцнења во текот на денот. Климатските активисти вчера повикаа на прекин на употребата на фосилни горива, блокирајќи ги пристапните патишта до аеродромите во Цирих и Женева во Швајцарија.
