ХРВАТСКА
Хрватска прогласи тројца црногорски политичари за непожелни
25.07.2024 12:15
Хрватска прогласи тројца црногорски политичари за непожелни поради нарушување на добрососедските односи..

Хрватска прогласи тројца црногорски политичари за непожелни поради нарушување на добрососедските односи, соопшти Министерството за надворешни и европски работи во Загреб.
Според регионалните медиуми, причината за ваквиот потег е резолуцијата за концентрациониот логор Јасеновац која Собранието на Црна Гора ја изгласа на крајот на јуни, како одговор на резолуцијата во Сребреница во Обединетите нации.
