Претседател

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Замбија

25.07.2024 13:58

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Замбија, со седиште во Анкара, Вилијам Мајпамбе Сиказве...

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Замбија, со седиште во Анкара, Вилијам Мајпамбе Сиказве.

На церемонијата на предавање на акредитивните писма, претседателката Сиљановска Давкова оцени дека именувањето на нерезидентен амбасадор на Република Замбија во нашата држава, отвора дополнителни можности за поангажирана заедничка работа во откривање нови области за соработка, како и за размена на искуства и добри практики во образованието, здравството, во зачувувањето на природната средина и биодиверзитетот, во постигнување на одржлив развој и благосостојба за сегашните и идните генерации.

Амбасадорот Сиказве во својот говор на церемонијата на предавање на акредитивните писма ја истакна посветеноста на Замбија за унапредување на билатералната соработка со нашата држава, во сите сфери од заемен интерес, со акцент на можностите за развој на економската, трговската и инвестициската соработка.

Претседателката Сиљановска Давкова на новоименуваниот амбасадор Сиказве му посака успех во извршувањето на одговорната функција.