Политика

Филипче: Згрешивме со измените на Кривичниот закон, да се донесе нов

25.07.2024 14:24

Филипче ја призна грешката со Кривичниот законик, апелира да се донесе нов. Си завршија работа, па сега имале нов законик, порача Мицкоски.

Згрешивме со измените во Кривичниот законик-директен лидерот на СДСМ Венко Филипче. Сега вели дека од 2017-та има подготвен нов и истиот власта да го стави на јавна расправа. Бил координиран со меѓународната заедница и модел бил германскиот Кривичен законик.

Со измените во Кривичниот законик се намалија казните за злоупотребата на службената положба и овластувања и злосторничко здружување. Тоа доведе до застарување и ослободување на повеќе поранешни функционери. СДСМ, се претвори во маалска група – коментира премиерот Мицкоски. Вели – си завршија работа, па сега имале нов законик.

И додека Филипче смета дека владиниот старт бил лош и државата со новите заеми може да влезе во должничко ропство, Мицкоски вели дека погубните политики на СДСМ ја донесоа државата до празна каса.

 

Миле Ристески