Инвестициска поддршка за стопанството
Македонија да биде на врвот, а не на дното, да се зголеми извозот-власта ги слушна барањата и сугестиите на бизнисот. Ќе бараат дијалог со Синдикатите за законот недела-неработен ден ...

Премиерот Мицкоски пред претставниците на Стопанската комора истакна дека со парите кои ќе бидат обезбедени од договорот за финансиска соработка со Унгарија во вредност од 250 милиони евра, преку развојната банка ќе бидат пласирани средства во домашните компании. Се разгледува можноста државата да ја плаќа каматата на околу 100 милиони евра, кои ќе бидат обезбедени од траншата со европската инвестициска банка. Ќе се отворат нови работни места во стопанство. Вети Владата пред бизнисот.
Не сакаме да играме во шеста лига, сакаме во прва, да произведуваме и да извезуваме македонски производи на странските пазари, му порачаа бизнисмените. Побараа и модерна администрација којашто ќе биде сервис на бизнисот.
Бизнисот и Владата без конкретен одговор за ставот по барањето на Комората да се разгледа законот за недела неработен ден. Велат стојат на располагање на Синдикатите за дијалог. Сојузот на синдикати на Македонија останува на првичниот став. Работниците во Македонија веќе се соочени со сè поголем притисок за нивната егзистенција, поради високите трошоци за живот и ниските плати, децидни се во Синдикатот.
Игор Панов
