Пожари

Огнената стихија е ставена под контрола, меѓутоа е непредвидлива, велат од ЦУК

25.07.2024 18:12

Под контрола е состојбата со пожарите во земјава – велат од ЦУК. И кај Јасен е спречено ширење на пламените јазици. Се уште има активно жариште на терен. Најголем дел се предизвикани од човечки фактор. Во борбата со огнената стихија не само што се потребни длабоки реформи на системот за управување со кризи, недостигаат и кадар и опрема – велат надлежните.

Под контрола ставени пожарите во земјава. Жаришта на терен има, огнената стихија е непредвидлива. На терен се 40 припадници на армијата и 30 специјалци од МВР и пожарникари кои ја контролираат состојбата.

Штетите од пожарите кои речиси еден месец гореа низ државава дополнително ќе се проценуваат. Оние пак, што директно беа вклучени во борбата со огнената стихија, велат дека недостигаат опрема и кадар.

Директорот на ЦУК, Ангелов, нагласи дека на системот за управување со кризи му е неопходна длабока реформа.

Управувачкиот комитет за справување со кризи донесе одлука за реорганизација на целокупниот систем, односно за спојување на Центарот за управување со кризи и дирекцијата за заштита.

 

Ана Јосифовска- Тодоровска