Земјотрес
Регистрирани два земјотреса на подрачјето Делчево – Берово
25.07.2024 20:32
Потресите биле регистрирани околу 18 часот и 30 минути на подрачјето Делчево – Берово на 125 километри јужно од Скопје ...

Два земјотреси со Рихтерова магнитуда од 3,6 и 2,9 степени попладнево регистрирани на територијата на Македонија.
Потресите биле регистрирани околу 18 часот и 30 минути на подрачјето Делчево – Берово на 125 километри јужно од Скопје. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, првиот земјотрес почувствуван е од населението во градовите Берово, Делчево и околината, со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.
