САД

Стејт департментот го повика Израел да размислува за „реални планови“ за Газа по завршување на војната

26.07.2024 09:27

На денот кога израелскиот премиер се сретна со претседателот на САД, а подоцна и со потпретседателката Харис, Стејт департментот ја повика израелската влада внимателно да размисли за иднината на Газа по завршувањето на војната...

На денот кога израелскиот премиер се сретна со претседателот на САД, а подоцна и со потпретседателката Харис, Стејт департментот ја повика израелската влада внимателно да размисли за иднината на Газа по завршувањето на војната.

„Мора да подготвите реален план за повоена Газа. Во спротивно ќе го имате Хамас на чело, што очигледно не е во интерес на Израел и очигледно не е во интерес на регионот, или ќе имате хаос и анархија, што е плодна почва за тероризам“, изјави Метју Милер, портпарол на Стејт департментот.

Генералниот секретар на ООН, Гутереш вели дека хуманитарната ситуација во Газа е тотална катастрофа, обвинувајќи дека воената кампања е од хаотична природа и има недостаток на безбедност во енклавата.