САД

Уапсен лидерот на мексиканскиот нарко картел Синалоа

26.07.2024 09:31

Шефот на мексиканскиот нарко картел Синалоа, Исмаел Ел Мајо Замбада е уапсен во американската сојузна држава Тексас, соопштија американските власти...

Шефот на мексиканскиот нарко картел Синалоа, Исмаел Ел Мајо Замбада е уапсен во американската сојузна држава Тексас, соопштија американските власти.

76-годишниот Замбада го основал картелот со Ел Чапо Гузман, кој моментално е во затвор во САД. Со Замбада беше уапсен и синот на Ел Чапо.

Замбада беше фатен откако беше во бегство со години, а за информации за него беше понудена награда од 5 милиони долари на Стејт департментот, додека наградата на ДЕА беше до 15 милиони долари.

Картелот Синалоа е еден од најмоќните и најнасилните организации за трговија со дрога во светот.