ПАРИЗ

Исклучително високи мерки за безбедност на отворањето на Олимписките Игри во Париз

26.07.2024 09:33

Под исклучително високи мерки за безбедност, денеска свечено ќе бидат отворени Олимписките Игри во Париз...

Под исклучително високи мерки за безбедност, денеска свечено ќе бидат отворени Олимписките Игри во Париз.

Околу 45 илјади полицајци, 10 илјади војници и две илјади лица од приватни компании за обезбедување ќе се погрижат за безбедноста на парадата покрај реката Сена, брегот и околните споменици.

Небото над Париз ќе биде затворено додека 300 илјади посетители ќе го пречекаат стартот на Олимпијадата.

Официјални лица уверуваат дека нема посебна закана за церемонијата на отворање или за самите игри.