Нова градинка во Битола

06.07.2014 12:51

Во Битола отворена и втората градинка во рурална средина. Жителите на Долно Оризаре веќе нема да мораат децата да ги носат во градинките во Битола...

Од почетокот на иднава недела наместо во градинките во Битола децата од пртшколска возраст од селото долно Оризари ќе се згрижуваат во новоотворената градинка   „Пинокио“.  Оваа новина ќе биде вистинско олеснување за родителите не една од најголемите битолски приградски населби.

„Ова долго го чекавме, повеќе нема да губиме драгоцено време одејќи до Битола да ги однесеме и земеме децата“, вели Горанчо Мешковски.

„Сега ќе можат и останатите деца од селото да посетуваат претшколска настава“, вели Оливер Божиновски.

Во соработка со Министерството за труд и социјална политика општината со инвестиција од околу милион денари ги осовремени неискористените простории од ОУ„ Даме Груев“. 

„Градинката има капацитет за 20 деца во моментов се згрижуваат 16 деца. Доколку има потреба понатаму стоима на располагање за нејзино проширување“, рече градоначалникот Владимир Талески.

Ова е четвртата предшколска установа во Македонија во рамките на проектот за подобрување на условите за живот во руралните средини.

„Една од нашите приоритетни задачи е да ги зголемуваме ваквите катчиња, затоа и понатаму ке правиме нови инвестиции со цел да создадеме услови за претшколси воспитно образовен процес за децата и од ваквите населени места“, рече министерот Диме Спасов.

Во рамките на посетата на Битола министерот Спасов на плоштадот „Магнолија“ ја отвори и втората во земјава „Празна Продавница - Полно Срце“, каде во соработка со Црвениот крст ќе се собира облека која понатаму ќе се донира до социјално ранливите семејсва.

 

Стевче Митревски