Македонија

На Илинден Сиљановска-Давкова во Пелинце, Мицкоски во Крушево, а Гаши во Скопје

26.07.2024 11:20

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова годинава 2 Август – Денот на Републиката ќе го одбележи во Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце, каде ќе одржи говор, а потоа, како што веќе најави заедно со нејзиниот српски колега Александар Вучиќ ќе го посетат манастирот Прохор Пчински...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова годинава 2 Август – Денот на Републиката ќе го одбележи во Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце, каде ќе одржи говор, а потоа, како што веќе најави заедно со нејзиниот српски колега Александар Вучиќ ќе го посетат манастирот Прохор Пчински.

Како што е најавено премиерот Христијан Мицкоски ќе го одбележи Илинден во Крушево, каде ќе одржи говор на Мечкин камен.

Претседателот на Собранието, Африм Гаши ќе биде во Скопје, односно ќе присуствува на пригодната манифестација на тврдината Кале, и таму ќе одржи говор.

Инаку оваа година се одбележуваат 121 година од Илинденското востание и 80 години од одржувањето на Првото заседание на АСНОМ.