Франција

Француската брза железничка мрежа погодена од подметнати пожари

26.07.2024 11:52

Француската брза железница од ноќеска е цел на саботажи и подметнати пожари кои го нарушија работењето на транспортниот систем. Илјадници патници останаа заглавени на станиците на само неколку часа пред отворањето на Олимписките игри во Париз...

Француската брза железница од ноќеска е цел на саботажи и подметнати пожари кои го нарушија работењето на транспортниот систем. Илјадници патници останаа заглавени на станиците на само неколку часа пред отворањето на Олимписките игри во Париз.

„Злонамерните дејства беа идентификувани синоќа околу 4 часот изутрина на голем број брзи линии. Последиците се многу сериозни. Сите семејства кои одеа на одмор се погодени од овој скандалозен криминален чин, кој цврсто го осудувам. Се не упатува да кажеме дека ова се навистина криминални дела, особено блискиот тајминг кој е повеќе од сомнителен“, изјави Патрис Вергриет, министер за транспорт на Франција.

„Штетата се однесува на пожари во цевките, каде што поминуваат многу кабли кои се користат за железнички сигнални системи во станиците, поврзани со безбедноста. Ќе биде макотрпна работа што тимовите ќе ја вршат континуирано во деноноќни смени за да се врати сообраќајот“, изјави Жан-Пјер Фаранду, извршен директор на железничката компанија СНЦФ.

Според властите, се работи на санирање на штетите. Околу 45 илјади полицајци, 10 илјади војници и две илјади лица од приватни компании за обезбедување ќе се погрижат за безбедноста на парадата покрај реката Сена, брегот и околните споменици. 300 илјади посетители се очекува да бидат дел од стартот на Олимпијадата.