Нови правила во Ф1

50 бода за победникот на последната сезoнска трка

10.12.2013 19:23

Пилотите и тимовите во Формула 1 ќе освојуваат двојно повеќе бодови во последната трка од сезоната, отколку на секоја друга во Светскиот шампионат. Тоа е едно од неколкуте нови правила коишто Светската автомобилистичка асоцијација ФИА ќе ги воведе веќе од наредната сезона, а ќе привлече најголемо внимание и дебата.

Целта ќе биде возачите и екипите „да ја одржат на максимум фокусираноста се до самиот крај на натпреварувачката сезона“, стои во соопштението на ФИА.

Со тоа што победникот во завршниот настан ќе добива по 50, наместо по 25 бода како досега, драстично ќе се намали можноста шампионатот да биде решен рано, неколку трки пред крајот. Двапати во последните три години Себастијан Фетел од Ред Бул ја освојуваше шампионската титула далеку пред официјалното завршување на сезоната. Во 2011 беше недостижен на пет трки пред крајот, а оваа 2013 доволно се оддалечи од конкурентите во момент кога преостануваа уште четири натпревари.

Ако новиот систем, воспоставен според идејата на Берни Еклстоун, беше на важност во последните две децении, трипати круната ќе му припаднеше на друг возач, а не на на оној што ја освојуваше. Во 2012 Фернандо Алонсо ќе имаше повеќе бодови од Фетел, во 2008 Фелипе Маса ќе ја спречеше радоста на Луис Хамилтон, а во 2003 Кими Раиконен ќе беше на највисокото место на пиедесталот пред Михаел Шумахер.

Во однос на другите правила коишто ќе бидат променети, ФИА ќе воведе и нова казна од пет секунди за мали прекршоци, возачите ќе избираат броеви за болидите коишто ќе ги задржат во текот на нивните кариери, а дозволено е и ново дополнително тестирање на пневматици на пистата во Бахреин од 17 до 19 декември, за да може снабдувачот Пирели да ги процени плановите за наредната сезона, за кога секако се предвидени драстични правила поврзани со болидите и со моторите.

ФИА донесе и одлука за воведување лимит за вкупни трошоци. којшто секој тим не ќе смее да го надмине. Висината ќе ја прецизира во јануари 2015.