Одбележување

Скопје се сеќава, 61 година од катастрофалниот земјотрес

26.07.2024 12:31

Денеска се одбележуваат 61 година од катастрофалниот земјотрес во Скопје...

Денеска се одбележуваат 61 година од катастрофалниот земјотрес во Скопје. Во Музејот на Град Скопје ќе биде отворена изложбата „Културните институции во Скопје по земјотресот во 1963 година“, а во Кинотека на Македонија ќе бидат прикажани кратки македонски филмови посветени на скопскиот земјотрес. Катастрофалниот земјотрес во Скопје се случи на денешен ден во пет часот и 17 минути во 1963-та година. Животот го загубија 1.070 луѓе, а 3.000 беа повредени. Урнати беа над 15.800 домови, а над 200 илјади луѓе остана без покрив над главата.  

Прилогот го подготви Елизабета Кузмановска.