Администрација

Минчев ги поништи пресметките за балансерот на претходникот Алити

26.07.2024 14:15

Министерот Горан Минчев денеска на прес-конференција ги повика институциите од јавниот сектор во плановите за вработување да впишуваат процент на етнички заедници согласно измената на пресметката на дигиталната алатка Балансер. Ги потсети дека при пресметувањето на процентите предвид се зема само бројот на резидентно население, а не и нерезидентното население од пописот во 2021...

Министерот за јавна администрација Минчев ги поништи одлуките на неговиот претходник Алити и ги коригираше процентите во балансерот. Според пописот од 2021 година, Македонци од 54,21 проценти сега се 58,44, а Албанци од 29,52 на 24,30%. Измените се направени согласно законот, тврди Минчев и посочи дека отсега во пресметките на годишните планови за вработувања во јавниот сектор ќе биде вклучено само резидентното население во државата.

120 институции ги доставиле годишните планови за вработување. Поради забелешки со балансерот, Минчев вратил на доработка 115 кои треба да се усогласат со новите проценти, а само 5 го минале филтерот. Во минатото балансерот бил често злоупотребуван за што најави ревизија.

Неговиот претходник Адмирим Алити преброи дека во годишните планови за вработување треба да бидат застапени 29,52 насто Албанци во овој процент ја вклучи и дијаспората и покрај законскиот процент од 24, 30 проценти. Владата најави дека укинувањето на балансерот ќе се одвива во неколку фази.

 

Викторија Милевска