Економија

Каква цена за парно ќе се плаќа од следната грејна сезона ќе се знае во понеделник

26.07.2024 14:53

По која цена корисниците на парно ќе се греат од октомври ќе се знае во понеделник. Најголем дел од компаниите побарале зголемување до 50 проценти, но има и предлози за намалување од страна на ЕСМ производство и енергетика...

В понеделник ќе се знае по која цена корисниците на парно ќе се греат од октомври. Најголем дел од компаниите побарале зголемување до 50 проценти, но има и предлози за намалување од страна на ЕСМ производство и енергетика – велат од Регулаторна комисија за енергетика. Но не се знае ниту со каков квалитет на испорака ќе се офајдат скопјанј од грејната сезона, од Регулаторната комисија со апел да се постави топловодот на мостот Беласица.

Годинава нема да има ниту субвенции за топлинска енергија. Додека во Регулаторната комисија сè уште се прават анализите, просечната цена на гасот годинава е поскапа во споредба со лани. Над 90 насто од корисниците во Скопје парно добиваат од ЕСМ која обединува три фирми со снабдување, производство и дистрибуција на топлинска нергија. Во системот е и Топланата Скопје север и енергетика.

 

Игор Панов