Економија

Ставови за минималната плата

26.07.2024 17:06

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши останува на ставот дека треба да се разговара барањето на Синдикатите за зголемување на минималната плата на 450 евра. Вели за ова прашање ќе бидат слушнати сите засегнати страни, исто како и за прашањето за неделата како неработен ден...

Стоиме на страната на работниците и ќе донесеме одлука за минималната плата којашто ќе ги задоволи сите засегнати страни. Став на министерот за економија Бесар Дурмиши, кој смета дека треба да се разговара за барањето на синдикатите за зголемување на минималната плата на 450 евра. Во разговорите ќе бидат вклучени и чуени сите засегнати страни, најави Дурмиши.

И додека Стопанската комора бара неделата повторно да биде работен ден, од Сојузот на синдикати на Македонија реагираат дека тој треба да остане неработен. Од Министерството за економија информираат дека веќе имале средба со претставниците на синдикатите, а истото ќе го сторат и со работодавците.

 

Марија Котовска