Најопасните исламистички групи во Африка и Блискиот Исток
Во последно време големо внимание привлече со киднапирањата, а големата сиромаштија лесно им овозможува да регрутираат нови борци...

Акциите на радикалните исламистички групи во Ирак, Нигерија, Сомалија без престан го шокираат светот. Теророт на ИДИЛ, Боко Харам, Ал Шабаб ја загрозува безбедноста на Африка и на арапскиот свет.
Сунитската терористичка организација „Исламската држава во Ирак и Левант“ ги втемели своите идеолошки определби во своето име. Нејзината цел е голема исламска верска држава која ќе ги обедини Сирија, делови од Ирак, Либан, Палестина и Јордан.
Финансиски е поддржана од приватни донации од Катар и од Саудиска Арабија, а посебен прилив и овозможува и конфликтот меѓу сунитите и шиитите во Ирак. Целта на исламистичката Боко Харам, пак, е воведување шеријат во Нигерија.
Во последно време големо внимание привлече со киднапирањата, а големата сиромаштија лесно им овозможува да регрутираат нови борци.
Исламистичката милиција Ал Шабаб, чиешто име во превод значи „младина“ се бори за создавање верска држава на Рогот на Африка. Нејзината радикална идеологија не познава државни граници. Одговорна е за смртта на илјадници луѓе во Африка, а контролира и големи делови од централна и јужна Сомалија.
Една од светски најпознатите и најопасни терористички организаци, инаку матичната огранизација на глобалниот џихад е Ал Каеда. Нејзиното име означува база, а целта и е создавање верска исламска држава која ќе ги опфати сите исламски држави и региони. Активна е првенствено во Алжир, но и во Мали и во Јемен.
Фронтот Ал-Нусра, односно „фронтот за поддршка на сирискиот народ“важи за крило на Ал Каеда. Фронтот брои околу 7 000 членови, а најприсутна е во северна Сирија. Во Либија и Тунис делуваат таканаречените привразници на исламското право, односно Ансар Ал Шарија. Главно упориште на организацијата е пристаништето Бенгази. Негира секаква поврзаност со Ал Каеда.
Либанскиот Хезболах основан во 1982 година главната поддршка ја добива од Иран и од Сирија.Нејзиното воено крило во САД и во ЕУ се смета за терористичка организација. Единици на Хезболах во Сирија се борат на страната на војската од Башар ал-Асад.
„Исламистичкото движење на отпорот“ Хамас е огранок на Муслиманското братство. Не го признава Израел и целта му е уништување на израелската држава. Од 2007 година Хамас владее со Појасот Газа.
Марина Автовска
