Средба на министерот Мисајловски со амбасадорот на Република Бугарија Н.Е. Ангел Ангелов
Писмото на намери кое неодамна го потпишаа министрите за одбрана на последниот Самит на НАТО, со што се олеснува воената мобилност на коридорот 8 дополнително ја зацврстува соработката во одбраната, нагласија министерот за одбрана Владо Мисајловски и амбасадорот на Република Бугарија, Н.Е. Ангел Ангелов на денешната средба...

Одбранбената соработка меѓу двете земји е пример како треба да соработуваме како две соседски, пријателски и сојузнички земји. Писмото на намери кое неодамна го потпишаа министрите за одбрана на последниот Самит на НАТО, со што се олеснува воената мобилност на коридорот 8 дополнително ја зацврстува соработката во одбраната, нагласија министерот за одбрана Владо Мисајловски и амбасадорот на Република Бугарија, Н.Е. Ангел Ангелов на денешната средба во Министерството за одбрана на која присуствуваше и одбранбеното аташе, потполковник Асен Ламбев.
Билатералната, регионалната и соработката во рамки на НАТО особено во заштита на источното крило на Алијансата е виден показател за соработката меѓу двете сојузнички земји. Припадници на македонската Армија се дел од мисијата eVA „Активности на зголемена будност“ во Бугарија, а заеднички учествуваат во Бригадата на Југоисточна Европа.
Дополнително одбранбената соработка е јасно видлива и во делот на образованието и обуките за воениот персонал на Воената академија во Бугарија, но и на учеството на питомци на Летниот кампус во организација ан Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“.
Заедничкото учество на вежби и обуки како на билатерална, така и на регионална основа придонесува на развојот на соработката меѓу двете држави.
