Белград

Српски полицајци на патрола низ Охрид

26.07.2024 16:00

Министерот Панче Тошковски во Белград, каде имаше работна средба со министерот Ивица Дачиќ, а беше примен и од премиерот Вучевиќ. Договорени мешовити полициски патроли со Србија во Охрид ...

Полициска соработка и борба за справување со организираниот криминал и подобрување на соработката во делот на граничните премини во фокус на разговорите на министерот Панче Тошковски во Белград со вицепремиерот и министер за внатрешни работи-Ивица Дачиќ. Договорени се од август, мешовити полициски патроли во Охрид.

„Останатиот дел во рамки на разговорите каде што утврдивме одлична соработка, а тоа е од Република Србија во Македонија да упатиме четворица полициски службеници во текот на месец август коишто ќе може да делуваат во рамки на подрачјето на градот Охрид првенствено“, изјави Тошковски.

Министерот Дачиќ истакна дека Србија е подготвена за соработка и да помогне кога треба. Тој истакна е добро што е воспоставена линија за комуникација за вонредни ситуации.

„Постоеше потреба за помош и ние го дадовме најдобриот и најсилниот според капацитети хеликоптер, Камов со 7 припадници на МВР кој имаше повеќе од 6 налети и помогна да се згаснат пожарите во Северна Македонија“, изјави Ивица Дачиќ Вицепремеир и министер за внатрешни.

Тој додаде дека на средбата биле отворени цела низа заеднички прашања како што се борбата против криминалот, борбата против нерегуларната миграција, шверцот на луѓе, борбата против шверцот со оружје и наркотици, како и меѓусебната помош за одржување на стабилен ред и мир.

Министерот Тошковски оствари средба и со премиерот на Р. Србија, Милош Вучелиќ.

 

Од Белград за МТВ-Оливер Бранковиќ