Почнуваат Летните олимписки игри во Париз
Денеска и официјално ќе почнат 33-тите Летни Олимписки игри (ЛОИ) во Париз.Париз ќе биде светската сцена на која ќе продефилираат повеќе од 10.500 најдобри спортисти и од целиот свет ...

Денеска и официјално ќе почнат 33-тите Летни Олимписки игри (ЛОИ) во Париз. Градот на светлината како ја нарекуваат француската престолнина, ќе блесне во сиот свој сјај. Париз ќе биде светската сцена на која ќе продефилираат повеќе од 10.500 најдобри спортисти и од целиот свет.
Организаторите две години го подготвуваат теренот за парадата со чамци со кои ќе бидат превезувани спортистите од 206 национални олимписки комитети. Церемонијата на отворањето на Олимписките игри за прв пат се организира надвор од стадионот, во самиот град, односно на реката Сена.
Меѓу нив 10.714 спортисти ќе бидат и шестмина македонски предводени од знаменосците Дарио Ивановски и Милјана Рељиќ. За безбедноста на учесниците ќе се грижат повеќе од 48.000 полицајци и војници.
