МВР

МВР: Пријава за физички напад на жена од страна на нејзиниот сопруг

26.07.2024 18:35

36-годишна жена пријавила дека на 25.07.2024 околу 20:50 часот пред влез од зграда на подрачјето на Центар, таа и нејзиниот малолетен син биле физички нападнати од нејзиниот сопруг Д.Н.(57)...

Денеска (26.07.2024) во 02:30 часот во СВР Скопје, 36-годишна жена пријавила дека на 25.07.2024 околу 20:50 часот пред влез од зграда на подрачјето на Центар, таа и нејзиниот малолетен син биле физички нападнати од нејзиниот сопруг Д.Н.(57).

Според пријавата, тој ја оштетил и влезната врата од зградата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.