Македонија

Активни се 3 пожари на територијата на државава

26.07.2024 19:43

На територијата на државава, на отворено активни се 3 пожари, во општина Македонски Брод, кај село Тажево...

На територијата на државава, на отворено активни се 3 пожари, во општина Македонски Брод, кај село Тажево.

Еден крак има кон селото Белица и кон резерватот Јасен, каде што во опасност е борова шума, на Илинска планина меѓу селата Слоештица, Брежани и Плаќе, демирхисарско, каде се вклучени два Ер-трактори на Дирекцијата за заштита и спасување и кај Агино село, општина Куманово, информираат од Центарот за управување со кризи. Под контрола се пожарите кај полигонот Криволак и кај селата Селце и Драгоево. 

Премиерот Мицкоски на терен на Серта, меѓу пожарникарите кои деноноќно се бореа со огнената стихија.