Временска прогноза
Сончево и топло со слаб северен ветер
27.07.2024 08:33
Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло со слаб до умерен ветер од северен правец...

Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло со слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 20, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 9.
Во Скопје ќе биде сончево и топло со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 37 степени.
Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), и во следните денови ќе преовладува сончево време со постепен пораст на температурата.
